Насловна Актуелно Вести Обука на ЛАГ во Дојран

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Обука на ЛАГ во Дојран

Општина Берово ќе објави Повик за финансирање на предлози до правните лица на територијата на општината за прибирање на предлог проекти.

На 19 и 20 Април 2010 година членовите на Локалната група за рурален развој (ЛГРР) на Општина Берово присуствуваа на обуката за Изработка на Опис на задачи и Повик за предлози спроведена од Програмата за поддршка на советодавните услуги во земјоделството (МААСП). Локалната група за рурален развој (или локални акциони групи, т.н ЛАГ-ови) се формираа во општините преку програмта на МААСП, изработија под-стратегии за рурален развој за периодот 2009-2013. Согласно програмата, следните активности на ЛАГ-овите ќе се фокусураат кон реализирање на активностите и мерките предвидени со под-стратегиите за рурален развој, а што ќе значи и изработка на детални описи на задачите, повици за прибирање на понуди, нивна оценка, избор на најдобар понудувач, имплементација и мониторинг на имплементацијата.


Целокупната активност за реализација на една ваква комплексна задача ќе биде подржана од буџетот на Општина Беровo, координирана од проектот МААСП, а ќе се спроведе во период од шест месеци (од април до септември). Согласно временската рамка откако ЛАГ-от ќе ги подготви сите потребни документи (почнувајќи од изборот на проект од Стратегијата за рурален развој, преку повикот за предлози во кој ќе биде изработена и прoектната апликација со критериумите за селекција и алатките на набљудување и отценување) на почетокот на месец јуни Општина Берово преку ЛАГ-от ќе објави оглас или Повик за предлози до правните лица на територијата на општината за прибирање на предлог проекти (апликации) за реализација на активности предвидени во под-стратегијата за рурален развој.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии