Насловна Актуелно Вести Известување по повод престојниот празник Богојавление (Водици)

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Известување по повод престојниот празник Богојавление (Водици)

 

По повод претстојниот празник Богојавление (Водици), се известуваат граѓаните на Општина Берово, дека Црковната литургија ќе започне во 06:00 часот и по нејзиното завршување, после 09:00 часот со Литијата ќе се продолжи кон реката Брегалница, во чии води, традиционално, ќе се фрла светиот крст.

 

По тој повод се повикуваат граѓаните на ден 19.01.2019 г. (сабота), со почеток во 06:00 часот, да присуствуваат на Црковната литургија за заеднички да го одбележиме овој голем ден за сите христијани.

Водици или Богојавление, денот на кој според христијанското предание, Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, се прославува на 19 јануари.

Со тоа му се дава значење на крштевањето, како една од повеќето свети тајни на христијанството.

Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.

Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица).

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии