Насловна Актуелно Вести Седница на Собранието на пензионери од Општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Седница на Собранието на пензионери од Општина Берово

Собранието на Здружението на пензионерите од Општина Берово на 20.04.2010 година одржа седница во присуство на сите членови на собранието.

Седницата ја водеше Претседателот на Собранието Јован Дупкарски, на која беше презентиран Извештајот за работата на Собранието, Извршниот одбор и неговите тела за периодот октомври 2006 април 2010, кој претставува резиме на активностите за изминатите четири години, со посебен осврт на последната година и анализа на работата на Здружението на пензионерите од Општина Берово, неговите органи – Собранието, извршниот одбор, комисиите и другите работни тела.

Покрај ова беа разгледани и усвоени и Извештајот на Надзорниот одбор за Финансиското работење на Здружението за 2009 година, завршната сметка за 2009 година, се донесе одлука за соработка со Здружение на пензионери од Попово – Р.Бугарија, и беше промовирана Програмата за работа и активностите на здружението за 2010 година.

На покана на Здружението на пензионерите од Општина Берово на седницата беше присутен и градоначалникот на Општина Берово кој на присутните им се обрати со пригоден говор.

Здружението на пензионери од Општина Берово е доста активно здружение, кое е присутно во сите сфери на пензионерски и други случувања. Учествува на регионални и републички спортски натпревари запензионери во сите дисциплини како во машка така и во женска конкуренција, како негувачи на малешевските и староградските Македонски песни хорот и оркестарот на здружението настапува на локални, регионални и републички настани, организира екскурзии, излети и другарски вечери за пензионери, дава финансиска помош на тешко болни и елементарно погодени пензионери како и за банско лекување, а има потпишано меморандуми за соработка со Општина Берово и со Црвен Крст.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии