Насловна Актуелно Вести Јавен оглас за давање под закуп на 4.231 хектар државно земјиште

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Јавен оглас за давање под закуп на 4.231 хектар државно земјиште

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распиша јавен оглас за давање под закуп 4.231 хектар државно земјоделско земјиште.

Станува збор за 2.252 хектара во Струмица, 1.060 хектари во Гази Баба, 343 во Берово, 203 во Крива Паланка, 197 во Кратово, 69 во Кочани, 58 во Виница, 32 во Чаир и 14 хектари во Крушево.

Максималната површина за кој може да се аплицира и да добие еден понудувач по овој оглас е 10 хектари. Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е до 50 години за подигање маслинарници, до 30 години за подигање долгогодишни насади лозје, овоштарници или хмељ и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам, до 15 години за одгледување други земјоделски култури и за ливади, како и до 20 години за рибници.

Почетната цена на годишната закупнина е 10 отсто од просечниот принос на пченицата остварен во регионот каде што се наоѓа земјоделско земјиште во последните пет години, изразена во денарска противвредност пресметана по просечната откупна цена во Република Македонија остварена во претходната година. Просечната откупна цена на пченица остварена во 2009 година изнесува осум денари.

извор: Вечер

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии