Насловна Актуелно Вести Започна реконструкцијата на улицата Маршал Тито

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Започна реконструкцијата на улицата Маршал Тито

Започнуваат градежните зафати на главната градска артерија во Берово, улицата „Маршал Тито“

Проектот- реконструкција на улицата „Маршал Тито“  опфаќа асфалтирање на улицата, трајно решавање на проблемот со атмосферската канализација, поплочување на тротоарите со бехатон и замена на старите и оштетени дрвја на улицата, со што ќе се изврши  комплетно хортикултурно уредување.

Изберена е фирмата која ќе биде изведувач на проектот и веќе се  започнати активностите на улицата. Доколку дозволат временските услови обновата на улицата ќе заврши за околу еден месец.

Да потсетиме дека реконструкцијата на главната градска  улица , што се протега од Полициската станица до Музејот на град Берово, беше проект изгласан на првиот Форум на заедниците, кој безрезервно беше подржан од Градоначалникот Драги Наџински. Проектот се спроведува во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка од каде се  обезбедени 6 000 000 денари, а вкупниот буџет на проектот  чини  околу 13 000 000 ден. Останатите средства се одделени од Буџетот на Општина Берово.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии