Насловна Актуелно Вести Велигденска изложба во ОУ ,,Никола Петров – Русински“

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Велигденска изложба во ОУ ,,Никола Петров – Русински“

ОУ ,,Никола Петров – Русински“ уште еднаш покажа дека е училиште отворено за соработка со заедницата.

По повод најголемиот Христијански празник Велигден, празник кој е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, на 04. 04. 2010 г. – недела, во училишната сала беше организирана изложба на велигденски јајца.

Во декорирањето на изложбата учествуваа и родителите на учениците организирани од страна на одделенските раководители. Секоја паралелка имаше своја маса која носи сопствена приказна. Играорната група се претстави со неколку народни ора, а потоа им се приклучија и другите ученици и присутните посетители во салата.

Благодарение на спонзорите – фирми од Русиново, беа доделени и награди и тоа за: најубаво декорирана маса, најуабво украсено велигденско јајце и најцврсто јајце, во две категории, одделенска настава и предметна настава.

Наградата за најубаво декорирана маса од одделенска настава ја доби масата насловена ,,Голготата на Исус Христос“,  на III одделение, а од предметна настава, масата насловена ,,Радоста на воскресението“, на VI а  одделение.

Заеднички, вработените во училиштето и родителите на учениците, со пример им покажаа на младите генерации како да продолжат да ја негуваат оваа традиција и во иднина, зашто таа е симбол на нашата вера, која со векови го чувала нашиот идентитет.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии