Насловна Актуелно Вести Велигденското празнување во Берово ги исполни очекувањата на граѓаните

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Велигденското празнување во Берово ги исполни очекувањата на граѓаните

Сите христијански верници в недела  го славea најголемиот празник Велигден - Христовото воскресение, денот кога Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Иако ретко се случува тоа, оваа година православните и католиците во ист ден  го чествуваa овој празник.



Одбележувањето на празникот на верата и на традицијата започна во четвртокот в зори, кога се вапсуваа првите црвени велигденски јајца, кои ја симболизираат Исусовата крв.

Православните христијани на Велигден подарувајќи си црвено јајце еден на друг и кршејќи се со нев всушност го симболизираат Христовото Воскрсение.
Одбележувањето  на празникот  со свечена литургија  православните верници во Берово го имаат  во  саботата вечер во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во центарот на Берово, кога по биење на камбаните  се сввтува три пати црквата, поткрепено со верување дека се дочекува Христовото Воскресение.



Централното одбележување на Христовото Воскресение беше во недела –на првиот ден од Велигден на плоштадот Димитар Беровски во центарот на Берово.  Убавото време допринесе Берово за време на празниците да биде туристички  посетено,  повеќе од вообичаено. На преполнетиот плоштад,  по повод големиот христијански празник, честитки до православните и католичките верници,  своите сограѓани и сите Македонци упати градоначалникот на општина Берово Драги Наџински. „Ми претставува особено задоволство и чест на сите верници да им го честитам  празникот над сите празници Воскресението Христово – Велигден. Ви посакувам Велигденските празници да ги поминете во убаво празнично расположение, споделувајќи ги со своите најблиски, радувајќи се и славејќи го животот. Нека ни е честит празникот и верата Господова да ни даде сила сето зло да го надминеме и да дочекаме едно поубаво утре и уште многу други Велигдени посреќни и позадоволни. Да го изодиме патот чесно и одговорно по кој сме тргнати и да бидеме поблиску  еден со друг“.

Богата културно-уметничка програма допринесе на празникот да му се даде  свечена димензија, која допринесе гостите што ги имавме отстрана, како и нашите сограѓани целосно да уживаат и да се предадат на празничното расположение. Културно-уметничкото друштво „Димитар Беровски“ со свој настап на ора и традиционална малешевска носија се претстави пред бројната публиката.Нашата учесничка на натпреварот за Евросонг Ангела Здравковска-која покажа завидно место по освоени гласови, ја испеа својата песна „Заборави“, која наиде на големи аплаузи од присутните.Не остана незабележани и прекрасните соло-изведби со стари македонски песни на  Зорка Попочовска и Христијан Демјански.  Круната на велигденското празнување во Берово беше настапот на позната рок-група Gipsy hearts, која пружи ненадминато задоволство  на публиката, оставајќи ја воодушевена од својот познат и признат репертоар на песни.

Бидејќи кцањето со јајца е велигденски обичај во Малешевијата,Општина Берово доделуваше награди  за најцврсто јајце, која изнесуваше 3.000денари,која ја  освои Ѓоко Китински, а најубаво декорирано јаце имашенаправено Јане Мамучевски и ја освои првата награда од 3.000ден. За убаво декорирани јајца се доделуваше и втора и трета награда, од 2.000 и 1.000ден.

 

 

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии