Насловна Актуелно Вести Во градот продифилираа различни маски

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Во градот продифилираа различни маски

Децата од ОЈУДГ„23-Август“ од Берово и Русиново  продифилираа денеска во центарот на Берово  означувајќи  го традиционалното одбележување на Априлијадата-денот на шегата во Берово.

 

И оваа година не изостана креативноста и инвентивноста на учесниците и нивните учителки, па посетителите имаа несекојдновна можност на едно место да видат оргинални маски

на вештерки и принцези, лекари , војници, кралици, пеперутки,уникатни маски од светот на животинското царство, ликовите од омилените детски серии и научно-фантастичните филмови.
Маскираните деца прво продефилираа по улицата во централното градско подрачје, а потоа се претставија на посетителитe на преполниот градски плоштад  Димитар Беровски.

Најмалите беа воодушевени од нивниот настап и маските што ги носеа, велејќи дека тоа се маските што најмногу ги сакаат и ги подготвиле за априлијадата.

За родителите како и за нивните деца ова беше свечен ден и добар почеток за отпочнување на велигденските празници.

Убавото време го искористија многу наши граѓани да присуствуваат на маскенбалот и да бидат дел од богатиот детски свет, полн со фантазии, скриени желби, смеа и детски надежи.

Градоначалникот на општината исто така беше дел од денешните маскенбалски случувања во градот.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии