Насловна Актуелно Вести Пазариште и реконструкција на мост во Митрашинци

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Пазариште и реконструкција на мост во Митрашинци

Во с. Митрашинци во тек е зафатот за изградба на зелен пазар и реконструкција и поставување ограда на мостот во чија близина ќе биде пазариштето. Бидејќи овој дел  беше неуреден, а истото можеше да се уреди и да му се даде некое значење,

 

Општина Берово заедно со граѓаните на селото Митрашинци, одлучија  ова место да  се искористи за задоволување на потребите на граѓаните и олеснување на пазарџиите при поставување на своите тезги. Овде се поставени и неколку клупички за седење, а се планира да се постават и пазарски тезги.

Мостот се наоѓаше во незавидно лоша состојба, што беше неопходно да се поправи и огради. Со овие зафати централното селско подрачје  доби нов лик и  даде своја функционалност. Жителите од селото велат дека градските власти конечно се сетиле да се уреди ова подрачје, кое пред тоа  личело на селска депонија, а сега личи на убаво место за одмор и пазар.

За изградбата на пазариштето, реконструирање и оградување на мостот финансиите се обезбедени од Буџетот  на Општина Берово и изнесуваат околу 250 илјади денари.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии