Насловна Актуелно Вести ОУ ,,Никола Петров – Русински“ со втор грант од Проектот „Модернизација на образованието“

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

ОУ ,,Никола Петров – Русински“ со втор грант од Проектот „Модернизација на образованието“

Работиме постојано, се усовршуваме, успехот не е случајност

Меѓу училиштата кои успеаа да добијат втор грант од Проектот ,,Модернизација на образованието“, благодарение на успешно изработената  апликација,  е  и  ОУ ,,Никола Петров – Русински“.

Училиштето ќе добие 5790 евра, наменети за обуки, помали градежни работи и нагледни средства.

Реализацијата на проектот започна со спроведување на обука, која се одржа во просториите на училиштето, на 19.,  20. и 21. март 2010 година.

Беше изберена обуката со наслов ,,Комуникациски и лидерски вештини во тимската работа“, која ја реализираше ДКАУП ,,Алгоритам Центар“ од Скопје,  а обучувач беше М-р Македoнка Виларова, магистер од областа на јавна администрација и политички науки.

На обуката присуствуваа сите наставници, директорката и педагогот со што уште повеќе ќе се подобри комуникацијата и ефективноста во работата на училиштето, како меѓу вработените, така и меѓу наставниците, учениците и родителите.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии