Насловна Актуелно Вести ,,Зелено училиште“ и во Општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

,,Зелено училиште“ и во Општина Берово

Зелени училишта е програма на два партнерски проекта на УСАИД, Проектот за рециклирање пластика и Проектот за основно образование. Целта на оваа програма е подигнување на еколошката свест на учениците и на нивните родители, како и на наставниците во основните училишта низ Македонија.

Програмата беше успешно спроведена како пилот проект во текот на учебната 2008/2009 година во пет основни училишта во Република Македонија. Оваа учебна година (2009/2010 година) во програмата Зелени училишта се вклучени уште 15 основни училишта од Република Македонија. Благодарение на успешно изработената апликација и поддршката од градоначалникот на Општина Берово, меѓу 15 – те Зелени училишта од целата држава кои беа одберени на компетитивна основа, припадна и                  ОУ ,,Никола Петров – Русински“, с. Русиново.

Во училиштето е формиран Зелен клуб, како основен носител на активности за промоција, образование и воспитание за грижливо однесување кон животната средина, како и за нејзина заштита во училиштето и во пошироката заедница. Составен од 15 ученика од V до VIII одделение.

Со членовите на Зелениот клуб работат двајца ментори од училиштето со голема поддршка на директорката. Досега се спроведени повеќе активности како:

-          Запознавање на членовите на Зелениот клуб со основните проблеми на животната средина поврзани со темите енергија, вода, транспорт и отпад;

-          Едукација на сите ученици и на наставничкиот кадар, како и на пишироката заедница за клучните проблеми на животната заедница поврзани со темите;

-          Организирање Зелени патроли во училиштето и заедницата;

-          Спроведување интервју и анкети со одредени целни групи;

-          Снимање на инфраструктурната состојба на училиштето;

-          Анализа на собраните податоци;

Претстојат и други активности како:

-          Избор на проблем, изработка на проект и изведбени активности;

-          Евалуација на резултатите од работата на Зелениот клуб;

-          Организирање настани за одбележување на денови од особена важност за зачувување на животната средина, а кои се поврзани со темите и

-          Претставување на работата на Зелениот клуб преку изработка на портфолио.

 

По спроведувањето на сите активности училиштето ќе добие опрема во вредност од 800 американски долари од УСАИД, поддржани со уште 35 000 денари од градоначалникот на Општина Берово.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии