Насловна Актуелно Вести Успешна акција на ТППЕ-Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Успешна акција на ТППЕ-Берово

Последниот евидентиран случај зборува за извонредната брза и успешна акција на екипата професионални пожарникари од ТППЕ Берово, кои при интервенција на пожар во куќата на Самарџиски Никола покажале подготвителност и организираност.

Под покривот на куќата избил пожар при што веднаш  пристигнале две цистерни и го изгасиле пожарот.

За среќа  се поминало без поголема материјална штета врз објектот, што секако се должи на брзата интервенција  на ТППЕ.

Доклку интервенцијата не била навремена  можело да се предвиди огромна штета со катастрофални последици по самата куќа,стопанскиот објект-железара што се наоѓа во истиот простор и околните објекти.

Сопственикот на куќата и железарата Самарџиски Никола ни рече дека е изненаден од брзината на пристигнувањето  на пожарникарите и преземената акција, со што спречиле да се зафати целата куќа со пожар и да се нанесе штета на целокупниот  објектот.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии