Насловна Актуелно Вести Општината за првпат доделува стипендии

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Општината за првпат доделува стипендии

Започна исплатата на доделените стипендии  од  Општина Берово. Конкурсот што по првпат се распиша годинава од  градоначалникот Драги Наџински за доделување стипендии  за  студенти и  ученици  отвара добра можност учениците и студентите да се борат за успех како би станале корисници на стипендијата.

Критериумите и условите за доделување стипендија ја исполниле ученичките Костадиновска Тања- ученичка во ОСУ„Никола Карев“, Дракалска Наташа и Муртовска Невенка -ученички во ОСУ„Ацо Русковски, и  Пипонска  Надица студент на Електро-техничкиот факултет во Скопје. Критериумот за  средношколците беше да  имаат постигнато одличен успех предходната година (најмалку 4.50),а за студентите просечен успех од 8.00.

Во разговорот со стипендистите на Општина Берово,  што за нив претставува стипендијата, тие изразија благодарност до Градоначалникот што им пружил  можност  да бидат корисници на стипендија. Воедно стипендијата за нив претставува и доволна сатисфакција за успех во текот на школувањето. Доколку не ги исполнат условот за постигнат успех тие го губат правото на користење на стипендијата од Општина Берово.

Сите општини доделуваат стипендии за  ученици и студенти, нашата за првпат оваа година распиша ваков конкурс.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии