Насловна Актуелно Вести Формирана Советодавна граѓанска група

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Формирана Советодавна граѓанска група

Во просториите на Општина Берово се организираше средба за формирање на советодавна група граѓани (СГГ). Главни организатори на средбата беа МВР и ОБСЕ. Овие советодавни групи ќе имаат значење на групи за решавање на проблеми од заеднички интерес на локано ниво.

На состанокот на СГГ беа присутни претставници од институциите на локално ниво, општинскиот совет и членови на здруженија. Координатор на СГГ на ниво на општина Берово е Соња Кирјансka, а за претседател беше избран Ѓоко Пејовски. Прашања и проблеми од безбедносен карактер, од областа на криминалот, безбедноста на сообраќајот, пороците кај младата популација, еколошки, комунални, административни, катастарски, урбанистички, имотно-правни проблеми, соживот на граѓаните и други проблеми кои се поврзани со животот на граѓаните во заедницата може да се постават и достават до СГГ.

При решавањето на проблемот таа ќе направи идентификација на проблемот, процес на разбирање на проблемот(анализа),  на изнаоѓање на решение на проблемот и на крајот ќе биде отценета ефикасноста од изнајденото решение.

Основна цел на СГГ е преку разни форми на активности и промоција да преземе превентивни мерки со кои ќе ја подобри безбедноста на граѓаните во заедницата и квалитетот на севкупната живеачка.

Може да се направат и мали нешта, но добро обмислени од наша страна и примени од граѓаните да го подобрат животот на граѓаните во заедницата. Тие секојдневно се среќаваат со разни проблеми од типот до која институција да се обратат за проблемот, како побезболно да се реши идруги прашања. Исто така секој може да го изложи проблемот пред СГГ што го засега него лично или е актуелен и интересен за заедницата.-рече кординаторот Соња Кирјанска.

Работното тело ќе подготви програма за работа во која ќе бидат вградени проблемите со кои се соочуват беровчани, а потоа со тек на време ќе биде надополнета и со други кои ќе произлезат од разговорите и проблемите со граѓаните. Во СГГ ќе членуваат претставници со различни професионални профили. Главна цел е да се помогне на наслението. Можеби и ќе има поклопување со некој од институциите, но тоа ќе доведе до поефикасно и пообсежно разгледување на проблемот.

Од искуството на присутните нашите граѓани имаат најмногу  проблеми од типот  семејно насилство, консумирање алкохол кај младата популација, деликвентни појави, проблемот со јавно осветлување идр. кои ќе бидат внесени во програмата на СГГ. За решавање на екоомската моќ на граѓаните СГГ не може да помогне, бидејќи и таа самата нема постојани извори за финансирање, а што се однесува до подигнување на етичкото однесување и моралот на младата популација СГГ преку разни организирани предавања, брошури, постери, гостувања по медиуми, разговори со младите, ќе делува активно и позитивно. Граѓаните треба да се едуцираат постојано за сите работи во заедницата, тоа е главната первенција во општеството. Треба преку предавања и постојано гостувања во медиуми да се ослободуваат граѓаните да ги изнесуваат своите проблеми од било каков карактер. Едноставно СГГ треба да влијае со едукација-рече јавниот обвинител  Киро Димитровски.

СГГ во скоро време ќе излезе со брошурите во кои ќе бидат внесени улогата, функцијата  и целта на СГГ и како да се дојде до СГГ лично или да се добие по телефон. Таа ќе биде мобилна речиси 24 часа за грѓаните.

Овој концепт ке овозможи партнерство преку кои ќе се зајакнат односите помеѓу институциите и граѓаните, а воедно ќе се подобри и комуникацијата и размената на информации и ќе се подобри пред се севкупниот квалитет на живеење.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

Буџет на Општина Берово 2018

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии