Насловна Актуелно Вести Формирани се Месни заедници во Двориште и Митрашинци

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Формирани се Месни заедници во Двориште и Митрашинци

Основањето на Месни заедници е пред сѐ да дојде до израз  интересот  на  граѓаните на селските населби,  кој ќе даде значаен придонес за решавање на секојдневните потреби. Од  Месните заедници, поточно од нејзините   членови ќе доаѓаат иницијативи и предлози до локалната самоуправа кон кои ќе се пристапи заеднички  да се решат.

Како најголеми проблеми граѓаните ги наведуваа снабдувањето со вода на нивните населби и одведување на отпадни води, одржување на хигиената, изградба и одржување на патната мрежа, заштита на животната средина, јавен превоз на патници, развој на образование, здравство и социјална заштита. Соработката помеѓу Градоначалникот на општината и советите на  Месните заедници  ќе биде на доста високо ниво. Доколку граѓаните на селските населби изградат заеднички став за приоритетите  на селото може како иницијатива да го достават до Градоначалникот или Советот на општината и како таков ќе биде вметнат во развојната програма на општината. Приоритетите во рамките на финансиските можности ќе бидат вградени во општинскиот Буџет во наредната фискална година.

Одзивот на состаноците за избор на Месна заедница во овие села беше масовен.  Како што ни рекоа во разговорот некои од присутните на состанокот за избор на членови на на Советот на Месна заедница, очекуваат соработката со локалната власт да биде на повисоко ниво и таа да има поголем слух на нивните проблеми.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии