Насловна Актуелно Вести Градоначалникот Драги Наџински во посета на Долна Нормандија

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Градоначалникот Драги Наџински во посета на Долна Нормандија

 

Општина Берово учествуваше  на еднонеделниот семинар за размена на информации и искуства во доменот на развивање на алтернативниот туризам  во регионот Долна Нормандија  и Лимузин во Р.Франција.

Три општини од Р. Македонија  Берово, Новаци и  Ростуше-Маврово преку Центарот за институционален развоj се вклучени во проектот за децентрализирана соработка  помеѓу Р. Македонија и Долна Нормандија и Лимузин.

Преку одржување на повеќе работилници  македонските општини се запознаа со нивните туристички можности, понудата на алтернативниот туризам, историското и културното наследство. Гостите од Р. Македонија посетија неколку знаменитости кои се одлика на Долна Нормандија и меѓу другото  се запознаа со нивниот начин на подготовка на сирење и млечни производи со посета на бачило во Крез. Во агендата за посети беа вметнати и неколку села кои со нивните автентични  изработки, одгледување на добиток и подготвување на храна  покажаа како тие го претставуваат надвор од своите граници своето производство.  На работилниците  учесниците преку предавања од  истакнати предавачи се запознале  со начинот кој го користи Долна Нормандија  за презентирање на своите туристички потенцијали , презентација на храна , промоција на електронско ткаење, на текстил, потоа преку посетата на предалници со изработката и преработките од волна и други локални посети  значајни за меѓусебното запознавање и унапредување на понатамошната соработка и размена на искуства. Во рамки на посетата на Долна Нормандија остварени се и средби со релевантни институции на регионот и општините како и неколку организации од граѓанскиот сектор.  Градоначалникот на општина Берово  Драги Наџински во врска со посетата на регионот Долна Нормандија и општината Лимузин  рече дека нивното искуство ќе ни послужи многу при подготвувањето на промотивни материјали за нашиот регион и пренесување на нивните практики во  преземањето чекори за развој на алтернативниот туризам . „Се запознавме со повеќе  препознатливи   места  како туристичка цел за развој на алтернативниот туризам во Долна Нормандија и Лимузин и нивниот начин на доближување до посетителите и туристите“-рече градоначалникот.

Претходната година  гости од Долна Нормандија престојуваа во Берово и преку работилница ги разгледаа можностите и  предизвиците за развој на туризмот во нашата општина. Професори и студенти од Долна Нормандија ги скенираа ресурсите со кои располага нашата општина, како појдовна основа за насочување на соработката во иднина.

Учество на општина Берово на саемот за сирење во градот Луверо е конкретно заклучок од посетата на градоначалникот  на регионот Долна Нормандија. Берово очекува возвратна посета од  Општина Ливеро на културната  манифестација  „Етно-фестивал“ со свои настап.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии