Насловна Актуелно Вести Каде е вистината за ратевскиот карневал„Бамбурци“ -2009година и здружението „Лешки“

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Каде е вистината за ратевскиот карневал„Бамбурци“ -2009година и здружението „Лешки“

Ратевскиот  kарневал „Бамбурци“ е локална културна манифестација која опстојува долго време, поддржана од локалното население,Општина Берово и Министерството за култура. Овогодишната организација на карневалот беше на високо ниво и беше запазен целиот протокол со што настанот „Ратевски Бамбурци“ веќе добива  сериозни димензии.

Со цел за афирмација и промовирање на карневалот, минатата година Министерството за култура одобри финансиска подршка за организирање на настанот на здружението на граѓани „Лешки“.

Проект за ратевските бамбурци 2009 год. е подготвен од општинската администрација,  аплициран  преку здружението на граѓани „Лешки“ чиј претседател е Дејан Каламадевски, вработен  во општина Берово  и поднесен до Министерството за култура.


Проектот е одобрен од Министерството за култура преку Годишната програма за остварување на национален интерес во културата за 2009 година, сектор Заштита на културното наследство.

Буџетот на проектот е со вкупен износ од 325 000 денари, средства кои не се потрошени за реализација на манифестацијата „Ратевски Карневал Бамбурци“ .

Прашањето,  зошто не се  искористени средствата одобрени за проектот „Ратевски бамбурци“, се покрена на 9-тата, 10-тата и 11-тата седница на советот на Општина.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ  Ванчо Ременски од с. Ратево, кој години наназад е вклучен во организацијата на манифестацијата, предложи да се објасни сумата  од 325.000, каде е употребена, наменета и каде завршила, бидејќи за 2009 година за оваа манифестација биле одвоени само 20.000 демари од Буџетот на општина Берово, а  за  проектот на здружението „Лешки“ воопшто не биле информирани.

Советничката Лилјана Полевска од СДСМ на 9-тата седница од претседателот на здружението Дејан Каламадевски побара да поднесе извештај за одобрената и потрошена сума за проектот.

На следната  седница на Советот на Општина Берово ваков извештај немаше доставено. Причините останаа нејасни зашто не  се поднесе извештај. Се даде само кратко објаснување дека Каламадевски и советничката Полевска меѓусебно разговарале за наметнатата тема.  

Се поставува прашањето за инволвирањето на членови на општинската администрација во невладиниот сектор.

Дали работното место и ресурсите на општината се користат за остварување на приватни во многу случаи и финансиски цели?

Градоначалникот веќе превзема мерки за спречување и  расчистување на случаите кои беа пракса во минатото, вработени во општинската администрација преку невладини здруженија да бидат носители на големи проекти користејќи ги човечките и техничките ресурси на општината.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии