Насловна Актуелно Вести Општините ќе внимаваaт на енергетската ефикасност во градежништвото

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Општините ќе внимаваaт на енергетската ефикасност во градежништвото

Меморандум за соработка за подобрувањето на енергетската ефикасност на градежните објекти, потпишаа денеска во Скопје  ЕВН Македонија и УНДП

Со овој проект официјално отпочнува имплементација на европската директива за енергија, која има за цел преку професионални тренинзи и обуки во општините да ја подобри  енергетската ефикасност  во градежниот  сектор во земјава.

 



Овој проект истовремено е подржан и од Министерството за животна средина и ЗЕЛС.

„Проектот ќе овозможи зголемување на капацитетите на локалните самоуправи, преку обуки и организирање на студиски посети во ЕУ, како и преку изнаоѓање на алтернативни алатки за енергетска ефикасност. Истовремено овој проект ќе овозможи  и намалување на потрошувачката на електричната енергија во општините“, изјави министерот за животна средина Неџат Јакупи.

Овој проект  јасно ќе прецизира кои материјали се потребни при изградба на нови или реконструкција на веќе постоечките  јавни станбени  објекти.

„Дел од нашиот проект е да се направи и една база на податоци  на климатските промени, инвентар на стакленички гасови по јавните објекти, кој што се потребни за  изработување на методологијата за енергетски перформанс на згради“, изјави  менаџерот на проектот Илија Саздовски.

Проектот  ќе се реализира до  крајот на наредната година, а ќе бидат опфатени  сите  85 општини во земјава.

Извор:МТВ

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии