Насловна Актуелно Вести Во Берово форум за алтернативен туризам

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Во Берово форум за алтернативен туризам

Општина  Берово и Балканија-Балканска асоцијација за алтернативен туризам во Берово организираа  форум за промоција на можните потенцијали за развој на алтернативениот туризам во Малешевијата. Одлучивме Берово да биде дел од таа долга приказна на Балканија и да почнеме токму од него, затоа што Берово е непромовиран регион, а ги има сите потенцијали за развој на алтернативниот туризам.

 

Повеќе релевантни структури отценија дека во Берово треба да се покренат иницијативи и да се почне со работа на темата развој на алтернативниот туризам  во Берово- истакна  Владимир Србиновски, првиот човек на Балканија при отварањето на Форумот за развој на алтернативен туризам. На форумот  присуствуваа и пратеничката Лилјана Поповска, пратеникот од општина Берово Миле Пачемски, директорот на Агенцијата за помош и поддршка на туризмот, гости од општините Струмјани, Сандански и Банско од соседна Р. Бугарија, сопствениците на хотел Манастир, хотел Аурора, hotel tuto jance,  ВИП- хотелот, и други наши и странски гости. На форумот се презентираа потенцијалите на Малешевијата како идна туристичка дестинација, заради нејзината идеална надморска височина, идеалните климатски услови, недопрената природа,  прекрасното Беровско езеро, сѐ уште присутните традиционални занаети и изработките од нив, со еден збор чиста здрава околина со органска храна, далеку од врева и модерен живот-нуди Берово и Малешевијата-беше заедничка отценка на сите учесници на форумот. Берово има одлични предуслови и шанси за развој на тој вид туризам. Меѓудругото Берово поседува автентична архитектура, традиционална храна, сето тоа треба само да се дополни и прикаже на светот-рече во своето обраќање Лилјана Поповска-пратеничка во Собранието на РМ , истовремено апелирајќи да не се направи истата грешка како и со Охрид, кој е награден од  нови градби без знаење. Треба да се зачува автентичноста на градот и неговата околина за да биде успешна приказната. За пратеникот Миле Пачемски во развојот на алтернативниот туризам многу наши семејства би нашле егзистенција и Берово како град би заживеал. Ние максимално ќе се трудиме да направиме многу во таа област, користејќи ги сите расположливи ресурси. Со свои искуства од оваа област  на Форумот се претставија и гостите од Бугарија,презентирајќи ги своите општини како  туристички дестинации и патот што го изодиле за да ја напрват успешна својата туристичка понуда. Воедно искажувајќи ги своите воодушевувања од градот и околината, гледајќи во него иден туристички партнер за вистинска соработка во оваа област. Она што и тие го забележаа како аномалија во целокупниот тој развој и за обете страни е неотворениот граничен премин Клепало. Дафинка Муцунска –сопственичка на хотел Манастир, во своето излагање рече дека тие се пример за успешна туристичка приказна во овој крај, но не е доволно само еден таков капацитет, туку треба повеќе поголеми капацитети, за да речеме дека Берово е туристичко место. Набргу ќе се заврши  со уредувањето на хотелот на АУРОРА, кој -како што рече Зора Сирачевска директор на маркетинг и промоција на АУРОРА, ќе понудат нова интересна атракција што ќе биде прва од ваков вид во Македонија и ќе ги привлече и најприбирливите туристи.

Присутните страни на форумот се сложија околу констатацијата дека Берово е идно туристичко место кое ќе има поголема промоција во иднина, а со тоа и повеќе посетители, само треба да поработи на инфраструктурата, урбанистичките планови, особено покрај Беровското езеро  и најважно од се е отварањето на граничниот премин Клепало.  Гостите ги посетија хотелите Манастир и АУРОРА, граничниот премин Клепало, Беровско езеро, во градот ги посетија манастирот СВ. Арахангел Михаил и музејот на град Берово.

Балканија ќе ги понуди заклучоците произлезени од Форумот на сите релевантни институции во државата, а како што рече и нејзиниот раководител, ќе бидат искористени во промотивните материјали на Балканија со кои ќе се направи првична промоција на Берово. Балканија ќе учествува со свои штанд на промовирањето на туристичките асоцијации во Милано и Римини, каде ќе биде застапено и Берово. Тоа е шанса да се даде можност на помалите држави и места да земат учество на еден таков настан, на  кој  поединечно многу тешко би учествувале, заради големите финансиски трошоци.

Балканија е прва асоцијација од таков вид на Балканот,во која членуваат сите балкански земји и Италија, здружени со една заедничка цел  туристичко промовирање на Балканот.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии