Насловна Актуелно Вести Берово се подготвува за акцијата Ден на дрвото

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Берово се подготвува за акцијата Ден на дрвото

Општина Берово почна да се подготвува за акцијата „ Ден на дрвото, засади ја својата иднина “, што ќе се реализира во текот на втората недела од месец Ноември.

Есенското пошумување ќе се реализира во близина на локациите „Конар-Шумско стопанство Брегалница“ на парцелите 6а и 7б и на локацијата „Филтер станица“ на парцела 46а. За пошумувањето на месноста „Конар“ е обезбеден превоз со автобуси. До таму се пристигнува по асвалтиран пат што води до Равна Река-Пехчево и се продолжува со пешачење  од 500 до 1000м до  локацијата за пошумување. За пошумувањето на месноста „Филтер-станица“нема да има организиран превоз, бидејќи  локацијата е на оддалеченост од околу 500метри и до таму може да се пристигнува пеш. Садниците за акцијата „Ден на дрвото“ се обезбедени од Шумско стопанство-„Малешево“-Берово.

Оваа акција се спроведува веќе втора година во Берово со цел да се пошумат подрачјата  зафатени од големиот пожар што се случи на територијата на Малешевијата во 2006год. Во Берово секогаш има простор за пошумување, пролетната акција се покажа како успешна, посадените дрвца се фатени, рече Елен Качулачка-. координатор на акцијата „Ден на дрвото“ и апелира сите граѓани да земат учество и во есенската акција.

Таа додава дека во есенската акција на „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“ и годинава ќе се вклучат вработените во админстрацијата на ниво на општината, учениците од основните и средни училишта и сите граѓани што како преоритет  ја имаат иднината на зелено Берово.

Конечниот датум за пошумување сѐ уште не е утврден, бидејќи се следат временските прогнози за да се утврди погодниот ден  за пошумување.

Во прилог на акцијата за пошумување пред извесно време Берово го посети караванот за одбележување на „Денот на дрвото“ со цел да ги мотивира граѓаните на Берово да земат масовно учество на денот на  пошумувањето и да дадат свој придонес во обновувањето на шумскиот предел во Малешевијата, Шумата во Малешевијата како едно од најпогодените подрачја во државата од огнените виори изгуби голем дел од своето ценето богатство. Едно дрво-еден живот-истакнуваат промоторите на кампањата за садење на дрвца и апелираат сите граѓани да се мобилизираат во акцијата за пошумување. Според нив Малешевијата не би била целосна без шумскиот фонд и за тоа треба сите да допринесеме. Сега засадените дрвца  повеќе ќе служат на идните генерации одколку на нас. Колку повеќе сме свесни за тоа, толку поздрава иднина обезбедуваме на идните поколенија.

.

.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

Буџет на Општина Берово 2018

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии