Насловна Актуелно Вести Во Берово 6-та седница на советот за развој на источно-планинскиот регион

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Во Берово 6-та седница на советот за развој на источно-планинскиот регион

Градоначалниците од општините Берово, Пехчево, Виница, Кочани,Чешиново-Облешево, Зрновци, Пробиштип, Штип, Карбинци, Делчево и Македонска Каменица денес во Берово  одржаа состанок во рамките на Источно-планскиот регион. Градоначалниците  заедно со Центарот за развој на Источно-планскиот регион, како оперативно тело дискутираа за проблеми на ниво на регион. Центарот за својот развој одговара на Советот за развој на Источно-планскиот регион, што го сочинуваат 11 градоначлници од општините од Источна Македонија, кои  ги утврдуваат преоритетните регионални проекти. Центарот за развој ги врши стручните работи од значење за развој на планскиот регион подготвува предлог-проекти за општините  со специфични развојни потреби, ги координира активностите и ги реализира проектите за развој. Центарот дава стручна помош на општините при подготовката на нивните програми за развој и ја поттикнува меѓу-општинската соработка,а во истовреме го промовира регионот надвор од Р. Македонија, барајќи партнери за соработка.Со  проектите донесени од Советот на Источно-планскиот регион, Центарот за развој на Источниот Плански регион ќе аплицира до Бирото за регионален развој за финансирање од средствата определени со Програмата за атрактивни плански региони и Програмата за рамномерен регионален развој за 2009 година.

На редовните состаноци што се одржуваат во секој од градовите на  Источниот регион,  се дискутира по изготвените проектни задачи кои произлегуваат од приоритетни области од Програмата за развој на Источниот плански регион 2009-2013 година. Истите од страна на Советот на Источно-планскиот регион беа отценети како квалитетни и на доста високо ниво при што се донесе одлука Центарот за развој на Источниот плански регион да отпочне активност за нивна реализација.  Во тек  е реализација на Акциониот план  за 2009 година.

Во Берово на одржаната 6-та седница на Советот на Источно-планскиот регион во нов состав која ја прогласи за отворена градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински, како домаќин, се дискутира за подготвителните активности на општините и на Центарот,  за наредниот повик од Биртото за регионален развој за доставување на предлог-проекти до 15.12.2009год. за финансирање во 2010 година од Програмата за рамномерен и одржлив развој и Програмата за  атрактивни плански региони.На седницата   раководителот на Центарот на Источно-планскиот регион Драгица Здравева се произнесе во однос на 23-те проекти од регионално ниво, кои се доставени до Бирото за развој. Нема се уште резултати кои од нив се отценети како задоволителни за спроведување, но наш успех би било ако поминат и 5 од предложените предлог-проекти кои потоа ќе се доработат како целосни проекти, готови за реализација. Доколку не се одобрат оние проекти кои Совет на Источно-планскиот регион ги смета како потрбни, заеднички можеме да ги доработиме и со нив да аплицираме во 2010година-рече Раководителот на Центарот. На седницата како точка на дневен ред беше и информацијата за објавениот повик за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Р.Бугарија. Аплицирањето на предлог-проектите за прекугранична соработка помеѓу двете држави се однесува на две сфери економскиот развој и социјално згрижување и квалитетен меѓуграничен развој. Раководителот на Центарот на Источно-планскиот регион истакна дека овие две области се одберени затоа што европските фондови се најмногу отворени за помагање при реализацијата на проекти од овие две области.

ГТЗ ги финансира добиените проекти со заедничко учество на општините, односно ГТЗ и општините во однос на финансиските средства земаат сразмерно учество, односно50:50, со што општините треба да го запазат начелото на рамномерно учество во финансирањето.

Градоначалниците на општините Берово и Пехчево  го исфорсираа проектот за доуредување на Брегалничките водопади со што би се зголемиле туристичките содржини на источниот регион, а нивното уредување би имало не само регионално, туку и национално значење.Градоначалникот на Чишиново-Облешево смета дека треба да се даде поддршка на доопремување на сточниот пазар во Облешево, бидејќи тој е единствен таков во Источноит регион и од него сите би имале економска корист. Проектот „Сточен пазар“, беше поддржан од повеќето учесници на седницата со што како изгласан ќе се пристапи во следната фаза, односно подготовка на проектот со целокупната техничка документација и негово доставување до Бирото за регионален развој. Претставникот на ГТЗ истакна дека ГТЗ како донаторска институција, кој од проектите и да биде изгласан ќе биде ставен под лупа на ГТЗ и ќе се следат сите активности во текот на реализација.

На седницата беше донесена формална одлука за формирање на работна група, која го познава начинот како се управува со цврст отпад, со цел да се формира регионална депонија за цврст отпад, што како ново претпријатие ќе вклучи работници од сите општини.

Овие активности се организираат со цел да се развијат неразвиените делови од  Македонија и да се разменуваат информации за потрбите на општините, како и нивните заеднички потреби на ниво на регион.

Ваков тип на соработка и здружување за прв пат започнува со работа во мај 2008 година , согласно Законот за рамномерен регионален развој.Во овој голем проект учествуваат 85 општини од Р. Македонија распоредени во осум региони од кои еден е Источно-планскиот регион.

 

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии