Насловна Актуелно Вести Ќе се отпочне со реконструкцијата на Маршал Тито

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Ќе се отпочне со реконструкцијата на Маршал Тито

Наскоро ќе почне реконструкција на најфреквентната улица во градот Маршал Тито, која како влезна улица во централното градско подрачје, се соочува со повеќе инфраструкторни недостатоци. Со зафатот ќе се асвалтира улицата во должина од 450м, ќе се уредат тротоарните површини на улицата и ќе се доизгради атмосферска канализација  во должина од 450м. ,со што ќе се придонесе за подобрување на условите за непречено одвивање на сообраќајот. Тротоарите на улицата се раскопани, уништени се ивичнаците и   улицата на повеќе места е нерамна што го прави градот уште на самиот влез непривлечен за туристите и посетителите.

Бидејќи  ул. Маршал Тито се наоѓа до основното училиште Дедо Иљо Малешевски учениците се најчести учесници во сообраќајот на оваа улица.За нивното движење, како и движењето на сите учесници во сообраќајот да биде безбедно и неотежната, особено во дождливите денови кога улицата е целата под вода, неопходно е да се пристапи кон реконструкција.

Со реконструкцијата се решава најголемиот инфраструктурен проблем кој директо ги засега граѓаните на Берово во секојдневното движење и  одвивање на сообрќајот,a дава придонес и кон развојот на туризамот како стратешка определба на нашата општина.

Реконструкцијата се стои со поставување на нови бекатон плочки, хортикултурно уредување на тротоарите, поставување на цевки за одводнување на атмосферските води и изградба на шахти и сливница. Со тој зафат се подобрува патната и комуналната инфраструктура во централното градско подрачје во Берово.

Со обновувањето на улицата се подобрува изгледот на градот, безбедноста на пешаците и заштита на визбите од поплави во тој дел од градот. Реконструкција на ул. Маршал Тито е проект кој е добиен во првиот форумски циклус „Форуми во заедницата“со обезбедени средства од Швајцарската агенција за обнова и развој која партиципира со 6 милиони денари и останатите ќе бидат од Буџетот на Општина Берово. Потребно е само да се распише тендер за да почнат  активностите на улицата „Маршал Тито“

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии