Изложба на македонски чети и војводи
По повод 23 октомври-Денот на македонската Револуционерна борба во музејот на град Берово отворена е изложба на фотографии на војводи и чети на МРО, која опфаќа период од 1903 до 1908 година. Изложбата содржи поставка од 22 фотографии на чети и 17 фотографии на истакнати македонски дејци и револуционери од новопронајден албум во Ќустендил , во кој се опфатени сите чети што во тој период преминале од Бугарија во Вардарска Македонија.
Изложбата ги има опфатено скоро сите чети од македонските револуционерни окрузи што во тој период се движеле по тајни канали за да стигнат во Македонија и дејствуваат за нејзино конечно ослободување. Изложбата на македонски војводи и чети презентирана е скоро низ сите градови во Р.Македонија и во Ќустендил -рече во излагањето пред посетителите проф. д-р Зоран Тодоровски-промотор-директор на Државниот архив.
Беа изложени и скулптурите на Димитар Беровски, Дедо Иљо Малешевски, Јане Сандански и Гоце Делчев од примариус д-р Наум Пашовски