Насловна Актуелно Вести Ликовна изложба на сликарот Тони Шулајковски во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Ликовна изложба на сликарот Тони Шулајковски во Берово

Македонскиот академски сликар Тони Шулајковски пред граѓаните на Берово на 14 октомври го претстави своето ликовно творештво.

Во историски-етнолошкиот музиј при Домот на културата Димитар Беровски,   Шулајковски ја направи првата самостојна изложба во Берово  „Вибрации допрени од звукот“во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“,со која се претстави во многу градови низ Р. Македонија.

Шулајковски изјави дека особена чест му претставува да го изложи своето творештво во градот за кој слушал многу преданија, песни, малешевската надалеку позната гостопримливост, едноставно за градот кој дал многу познати личности не само во Македонија, туку и подалеку.

Низ неговата уметност провејува нишката на апстрактното –боење на звукот и озвучување на бојата. Електро-вибрациите што ги произведува електронскиот звук се навлезени длабоко во сликарската визија на м-р Шулајковски.

„Таквиот звук отвара нов спектар на бои кој јас ги пренесувам на платно.Ги користам сите тонови што може да се добијат со комбинација на бои, сликајќи ја на тој начин визијата за звукот. Тоа е најновиот начин на сликарска техника кај современите уметници. Можеби на почетокот на сликата нема да видите ништо, но со добра концентрација ќе се забележи впечатлива структура. На нив се претставени честички од метеори кои „допрени од звукот“ емитираат блескот „вибрирајќи“-рече во своето објаснување Шулајковски при отварањето на изложбата.

На  20-те дела  работени  во технички акрил и масло на платно провејуваат светлите тонови и бои со рамномерна распределба на сликата, кои даваат ведрина и чувство на оптимизам кај посетителите.

Делата посочуваат да ја гледаме позитивната страна на животот и особено се пријатни за  домашен амбиент.

Неговите дела се дел од домовите и колекциите низ Македонија, Германија, Ирска, Холандија, Англија,  Нов Зеланд, Швајцарија, Србија и други држави каде што  го има претставено  своето неколкугодишно богато творештво.

Добитник е на повеќе награди и признанија за својата сликарска и петагошка дејност.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии