Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Одржан работен состанок на тема ,,Безбеден интернет, безбедни ученици”

Напишано од Administrator
ПДФПечатиЕ-маил
18
Апр
2019

 

Грижата за младите, кои треба да учат во безбедна средина, за да се чувствуваат сигурни и да можат да се фокусираат на учењето, беше темата на денешниот работен состанок на советодавната група на граѓани, кој се одржа во салата на општина Берово , на тема ,,Безбеден интернет, безбедни ученици’’.

 

Состанокот е инициран од Министерството за внатрешни работи во соработка со Локалната самоуправа, а присутни претставници имаше од стручните служби од повеќе институции, претставници од советот на родители и претставници од учениците.

Низ плодна дискусија, беше разговарно за проблемите, беа давани предлози за решавање на истите и беа поставени клучни задачи, кон кои треба да се пристапи, со крајна сериозност и одговорност.

Главната улога во борбата со порастот на сајбер насилството, кај тинејџерската популација, во иднина ќе се стави токму на учениците, кои треба да помогнат за утврдување на проблемите и начинот на решавање на истите, најпрво преку едукативни средби.

Во иднина, ќе има зачестени едукативни средби и предупредувања, заради сериозноста од законските последици и високите казни за овие дела.

Постоењето на безбедна  средина е основен предуслов, нашите деца да го достигнат својот целосен потенцијал во животот.

Се надеваме дека, оваа работна средба, дополнително ќе ја подигне свеста за сериозен пристап кон решавање на проблемите и ќе биде уште една конкретна контрибуција во заедничките напори на сите општествени чинители во заштитата и обезбедувањето на што поквалитетни услови за развој на младата популација.

 

LAST_UPDATED2

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии