Градинки

Детска градинка „23 Август“

Општинската Јавна Установа за деца (ОЈУДГ)- Детска градинка „23 Август“-Берово е лоцирана близу до центарот на Берово, на безбедно место каде нема директен контакт со улици каде се одвива сообраќајот. Условите во кои се воспитани и чувани децата се повеќе од задоволнителни. Ентериерот е добро уреден, хигиената се одржува на високо ниво, храната е добро избалансирана за здрав развој на нашите најмили. Вкупниот број на вработени изнесува 51 лица, но вклучувајки ги и градинките од селата Русиново, Будинарци, и Митрашинци.

АПРИЛИЛИ

По повод на „Денот на Шегата“ на ден 1ви април , Детската Градинка „23 Август„-Берово организира маскенбал и дефиле за децата од градинките во Берово, с.Русиново, с.Будинарци, и с.Митрашинци.
Дечињата облечени во најразновидни маски , дефилираат по улиците полни со родители, роднини, пријатели и други љубопитни шетачи. Маршутата стартува од Градинката во Берово, со заобиколување на целиот град, преку центарот се до старата гимназија и со враќање назад.

Горе