Денеска, имавме чест да бидеме дел од  еден прекрасен настан, кој го организираа учениците од ОСУ ,,Ацо Русковски”, по повод на денот на учителот.
На професорите , кои во рамки на воннаставните активности, постигнаа високи резултати, градоначалникот Пекевски им додели благодарници за посебен придонес во образованието, во учебната 2023/2024 година.
Воедно имавме  прилика да ја проследаме програмата, која ја подготвија учениците.
Професорската работа, е во одредена смисла мисионерска, да се образува умот, но и срцето на младиот човек и да се изгради во правилна личност.
Ви благодариме драги професори, што им ги ширите крилјата на нашите ученици и ги учите високо да летаат.