ИЗМЕНА НА ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање бр. 23-2063/1 од 09.10.2012 година

Напишано од Administrator Печати
19
Окт
2012

ИЗМЕНА НА ОБЈАВА

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на

Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање бр. 23-2063/1 од 09.10.2012 година


 

за изградба на објекти за домување во стамбени куќи (семејни куќи со градини, индивидуално домување, становање, зона на зејоделски домаќинства, селски стопански дворови, индивидуално домување со терцерни дејности ), големи трговски единици (трговски објекти, трговски центри, пазари, кванташки пазари, сточни пазари, агроберза, сервисни дејности), и објекти за времено сместување (викенд населби, викенд зони, викенд куќи, мотели, планинарски домови, ловен дом, камп)

во туристичка населба Суви Лаки - општина Берово

и за изградба на објекти за домување во стамбени куќи (семејни куќи со градини, индивидуално домување, становање, зона на зејоделски домаќинства, селски стопански дворови, индивидуално домување со терцерни дејности ), хотелски комплекси (угостителки и туристички капацитети, хотели, хотелски комплекси, сервисни дејности, преноќишта, пансиони, сите видови на одмаралишта, бањи)

во туристичка населба Беровско Езеро – општина Берово

 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Општина Берово, предвидено со Урбанистичкиот план вон населено место за Туристичка населба „Суви лаки“, донесен со одлука бр.07-974/1 од 15.08.2007 година, и Урбанистички план вон населено место за Туристичка населба “Беровско Езеро”, донесен со одлука бр. 07-1291/1 од  06.07.2012 година,  согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежните парцели, за нивната намена - домување во стамбени куќи (семејни куќи со градини, индивидуално домување, становање, зона на зејоделски домаќинства, селски стопански дворови, индивидуално домување со терцерни дејности ), големи трговски единици (трговски објекти, трговски центри, пазари, кванташки пазари, сточни пазари, агроберза, сервисни дејности), објекти за времено сместување (викенд населби, викенд зони, викенд куќи, мотели, планинарски домови, ловен дом, камп), хотелски комплекси (угостителки и туристички капацитети, хотели, хотелски комплекси, сервисни дејности, преноќишта, пансиони, сите видови на одмаралишта, бањи), катастарските парцели кои се опфатени со градежните парцели, катност, максималната висина, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.

ИЗМЕНА НА ОБЈАВА

LAST_UPDATED2