ОБЈАВА

Печати
02
Дек
2011

За отуѓување на градежно земјиште сопственост на

Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање

за изградба на викенд куќи во Општина Берово

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Превземи ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на викенд куќи во Општина Берово

Превземи Пријава за учество на јавно наддавање

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Општина Берово, предвидено со Урбанистичкиот план вон населено место за Туристичка населба „Суви лаки“, донесен со одлука бр.07-974/1 од 15.08.2007 година, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежните парцели, за нивната намена (викенд куќи), катастарските парцели кои се опфатени со градежните парцели, катност, максималната висина, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.

Табеларен преглед:

Број на

катастарс.

парцела

(сите КО Русиново)

Број на

градежна

парцела

Површина

на

градежна

парцела

(м2)

Површи.

за

градење

(м2

Катност

Мах.

висина

до венец

(метри

Процент на изграденост %

Коефициент на искористеност

Почетна цена по м2

(денари)

Вкупна почетна цена (денари)

Депозит на учестви на електронско јавно наддавање (денари)

БЛОК 1

9634/2

ГП бр.1.73

713

100

P+1+Pk

7,50

14

0,42

61.00

43.493,00

4.349,3

9633/8

ГП бр.1.88

607

100

P+1+Pk

7,50

16

0,49

61.00

37.027,00

3.702,7

9633/2

ГП бр.1.103

954

100

P+1+Pk

7,50

11

0,32

61.00

58.194,00

5.819,4

9633/4

ГП бр.1.105

878

100

P+1+Pk

7,50

11

0,34

61.00

53.558,00

5.355,8

9633/5

ГП бр.1.106

867

100

P+1+Pk

7,50

12

0,35

61.00

52.887,00

5.288,7

БЛОК 2

9667/3

ГП бр.2.150

892

100

P+1+Pk

7,50

11

0,34

61.00

54.412,00

5.441,2

БЛОК 4

9534/2

ГП бр.4.43

869

100

P+1+Pk

7,50

12

0,35

61.00

53.009,00

5.300,9

БЛОК 5

9885/2

ГП бр.5.108

755

100

P+1+Pk

7,50

13

0,40

61.00

46.055,00

4.605,5

БЛОК 6

9850/2

ГП бр.6.14

860

100

P+1+Pk

7,50

12

0,35

61.00

52.460,00

5.246,00

9850/3

ГП бр.6.15

752

100

P+1+Pk

7,50

13

0,39

61.00

45.872,00

4.587,2

 









 

 

9850/4

ГП бр.6.16

790

100

P+1+Pk

7,50

13

0,38

61.00

48.190,00

4.819,0

9850/5

ГП бр.6.17

689

100

P+1+Pk

7,50

14

0,43

61.00

42.029,00

4.202,9

9850/6

ГП бр.6.24

803

100

P+1+Pk

7,50

12

0,37

61.00

48.983,00

4.898,3

9850/7

ГП бр.6.25

796

100

P+1+Pk

7,50

13

0,39

61.00

48.556,00

4.855,6

9929/2

ГП бр.6.35

493

100

P+1+Pk

7,50

20

0,61

61.00

30.073,00

3.007,3

9929/7

ГП бр.6.40

508

100

P+1+Pk

7,50

20

0,59

61.00

30.988,00

3.098,8

9929/6

ГП бр.6.41

493

100

P+1+Pk

7,50

20

0,61

61.00

30.073,00

3.007.3

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат:

1.Физички лица: државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко  и правно лице, регистрирани во Централен регистар на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање (во писмена форма, за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата, во посебен плик за секоја градежна парцела), комплетирана со следните докази (приложени во оригинал или фотокопии заверени на нотар):

1.Пријава од подносителот, во која се наведени податоците за што се однесува истата, како и што се доставува во прилог на пријавата (кои документи);

2.Доказ за платен депозит;

3.За физичките лица уверение за државјанство;

4.За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар;

5.Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице, односно доказ за својството овластено одговорно лице на правното лице и

6.e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.

 

Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени (Доколку се учествува на електронското јавно наддавање на повеќе од една градежна парцела, доволно е во оригинал или пак фотокопија заверено на нотар да се достави погоре наведената документација во прилог на една пријава, а во останатите може да се достават и фотокопии).

Подносителите на пријави потребно е да достават во пријавата за учество на јавно наддавање и фотокопија од лична трансакциона сметка на која ќе може да им биде вратен депозитот за учество на јавно наддавање.

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели наведени во Табеларниот преглед изнесува 61 денар од метар квадратен.

ДЕПОЗИТ

1.Депозитот за учество на електронското јавно наддавање за секоја градежна парцела е утврден согласно Табеларен преглед даден во оваа објава и изнесува 10 % од вкупната почетна цена за секоја градежна парцела посебно;

2.Депозитот се уплатува вирмански или преку пошта на Буџет на Општина Берово , Народна Банка на Република Македонија, трезорска сметка 100000000063095, уплатна сметка 84010206249 , приходна шифра 733111 и програма 00 со назнака „депозит за јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште“, за секоја градежна парцела посебно;

3.Депозитот се враќа во целост на подносителите на пријавите за јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на одржување на јавното наддавање, освен на понудувачот кој понудил најповолна цена на кого по уплатата на вкупната цена постигната на јавното наддавање му се враќа уплатениот депозит намален за трошоци на постапката во износ од 10 % од депонираните средства.

РОКОВИ

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 04.01.2012 година на адреса на Општина Берово ул.„Димитар Влахов“ бр.10 – Берово или директно во писарница на Општина Берово.

Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk

Јавното наддавање ќе започне на 10.01.2012 година во 14.00 часот и истото ќе трае 1 (еден) час.

ПОСТАПКА

1. Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат,во рок од три дена од денот на поднесувањето на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и шифра за учество на електронско јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.

2. На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничкото име и шифрата што ја добиле на e-mail адресата доставена во прилог на пријавата за учество на јавното наддавање.

3. Електронското јавно наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање, за секоја градежна парцела посебно.

4. Електронското јавно наддавање го следи Комисија, формирана од страна на Градоначалникот на Општина Берово.

5. Електронското јавно наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

6. Наддавањето се врши ,,чекорно’’ со зголемување на врњедноста во секој ,,чекор’’ не помалку од 10 денари.

7. Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во  оваа објава, при штодоколку во истекот на последните две минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути. Продолжување на крајниот рок е дозволено најмногу три пати во текот на јавното наддавање.

8. Електонското јавно наддавање може да трае и пократко од предвидениот временски рок, доколку учесниците на јавното наддавање се откажале од натамошно наддавање и останал само еден учесник кој се смета за најповолен понудувач.

9. Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.

10. Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведено јавно наддавање и електронски го доставува  до сите учесници на јавното наддавање.

11. Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена  од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена  на наддавањето.

12. Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапикон склучување на договор за отуѓување и депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени а истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.

13. По извршената уплата во утврдениот рок Општина Берово склучува договор со најповолниот понудувач  за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија. Со договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува  во рок од 30 дена од потпишувањето на истиот да го достави кај нотар заради солемнизација и во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот  да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено, во спротивно договорот еднострано ќе се раскине и 20% од вкупната сума од отуѓувањето нема да се вратат на купувачот. Со договорот најповолниот понудувач се обврзува да го изгради објектот согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено во рок од 6 години од прибавеното одобрение, при што доколку објектот не се изгради во определениот рок по вина на купувачот, договорот ќе се раскине и истиот ќе има обврска да паќа договорна казна во висина од 2% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за предметното земјиште за секој изминат месец.

14. Најповолниот понудувач се обврзува  да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за оттуѓување на градежното земјиште.

15. Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.

16. Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште.

17. Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до комисијата во рок од 3 дена од одржаното електронско јавно наддавање. По приговорот со решение Комисијата е должна да одлучи во рок од пет дена од приемот на истиот.

 

 

Бр.03-2635/1                                                                                                                              Општина Берово

01.12.2011 година                                                                                                                       Градоначалник

Берово                                                                                                                                        Драги Наџински

LAST_UPDATED2