Насловна Актуелно

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Вести

Општина Берово го потпиша договорот за реализација на проект “Изградба на филтер станица за вода“ – договор за грант No CB006.1.21.207

Проект: „Градење на инфраструктура за одржлив развој на туризмот“

Тендер: „Изградба на филтер станица за вода“ – договор за грант No CB006.1.21.207/01

Референтен број: CB006.1.21.207-01/Works/PP1

Општина Берово го потпиша договорот со фирмата ЖИКОЛ ДООЕЛ – Струмица, за работа за изградба на филтер станица за вода на Беровското Езеро во Берово, Република Македонија под договор за грант CB006.1.21.207-01 со финансиска помош од страна на Interreg – IPA програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020 година.

Прочитај повеќе: Општина Берово го потпиша договорот за реализација на проект “Изградба на филтер станица за вода“ – договор за грант No CB006.1.21.207

 

Класичната музика дел од проектот “Берово град на културата“

Во рамките на програмата ,,Берово град на културата за 2017 година’’ студентите од вокално-инструменталниот оддел на Музичката академија при Универзитетот  Гоце Делчев – Штип, имаа успешна изведба  пред љубителите на класичната музика .

Прочитај повеќе: Класичната музика дел од проектот “Берово град на културата“

 

Во петок уште еден концерт во рамките на проектот “Берово град на културата“

На 02.06.2017 година од 20 часот во музејот на град Берово, концерт ќе одржи Квартетот Тромбони при Македонската Филхармонија како дел од проектот “Берово град на културата”. Овој настап на Квартетот Тромбони во Берово ќе го означи почетокот на нивната мини турнеа низ Р.Македонија, за да следната недела одржат настапи и во Битола и Кавадарци.

Прочитај повеќе: Во петок уште еден концерт во рамките на проектот “Берово град на културата“

   

Општина Берово, домаќин на работна средба на Заедничкиот комитет за следење на програмата за прекугранична соработка INTERREG

Чест и задоволство за Општина Берово , беше што овој пат претставниците на Заедничкиот комитет за следење на програмата за  прекугранична соработка INTERREG-ИПА Бугарија- Македонија 2014-2020 ,  одлучија работната средба да ја одржат во Берово.

Прочитај повеќе: Општина Берово, домаќин на работна средба на Заедничкиот комитет за следење на програмата за прекугранична соработка INTERREG

 

Концерт на класична музика во рамките на програмата,,Берово град на културата за 2017 година’’

Среда 31.05.2017 година во 18 часот во Музејот на град Берово , студентите од вокално-инструменталниот оддел на Музичката академија при Универзитет Гоце Делчев – Штип, ќе се претстават пред љубителите на класичната музика во рамките на програмата ,,Берово град на културата за 2017 година’’.

Прочитај повеќе: Концерт на класична музика во рамките на програмата,,Берово град на културата за 2017 година’’

   

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии