Насловна Спорт

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Спорт

Ловно и риболовно друштво

Ловно друштво „Дабевец”

Ловното друштво “Дабевец”постои од 1921 година и работи без прекин до денес, но, во 1999 година има направено пререгистрација на истото. Функционира со помш на донации, како и со чланарина од локалните членови. Во изминатата 2013 година ловното друштво имало 115 членови.


Располага  со површина од околу 90 000 хектари кои ги зема под концесија во временски период од 10 години. Ловното друштво се занимава со лов на полезен дивеч(ситен дивеч). Застапени се зајаци, полска еребица, еребица камењарка, срни како и поретко дива свиња.

Од штетниот дивеч застапен е волк, лисица, кунада, твор и др.

Риболовно друштво „Абланица “

Pиболовното друштво „Абланица”има направено пререгистрација  во 1999 година и функционира до ден денес на принцип на чланарина од членството и средства кои се прибираат на основ на  дозволи.

Друштвото располага од 80-100 члена. Под концесија ги држи Беровско езеро и Брегалница 1 од изворите до Разловци и се земени на 6 годишно користење.

 

Спортски терени

Спортски терени Хотел „ Манастир“

 Терен за мал фудбал „ФИФА“

 Спортка сала ООУ „Дедо Иљо Малешевски“

 Спортски терен „Стара гимназија“

 Спортска сала „Македонски бранители“

 Спортски терен „Кеј р. Брегалница“

 Стадион

 

ФК Малеш

Фудбалскиот клуб „Малеш“ е втор фудбалски клуб во Македонија, кој постои од 1919 година. Прв негов птреседател и основач бил трговецот Илија Кафеџиски од Берово, кој ја купил и првата топка. Во основањето имаат удел и руски емигранти, како и граничарите и војниците од гарнизонот што бил во Берово.

Натпреварите фудбалскиот клуб ги одигрува на стадионот кој е изграден во седумдесеттите години на 20-от век.

   

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии