Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Градинки

Детска градинка "23 Август

Детска градинка "23 Август

Општинската Јавна Установа за деца (ОЈУДГ)- Детска градинка „23 Август“-Берово е лоцирана  близу до центарот на Берово, на безбедно место каде нема директен контакт со улици каде се одвива сообраќајот. Условите во кои се воспитани и чувани децата се повеќе од задоволнителни. Ентериерот е добро уреден, хигиената се одржува на високо ниво, храната е добро избалансирана за здрав развој на нашите најмили. Вкупниот број на вработени изнесува 51 лица, но вклучувајки ги и градинките од селата Русиново, Будинарци, и Митрашинци.
Децата се поделени во 3 групи, имено јасли, целодневен престој, и полудневен престој
АПРИЛИЛИ

По повод на „Денот на Шегата“ на ден 1ви април , Детската Градинка „23 Август„-Берово организира маскенбал и дефиле за децата од градинките во Берово, с.Русиново, с.Будинарци, и с.Митрашинци.
Дечињата облечени во најразновидни маски , дефилираат по улиците полни со родители, роднини, пријатели и други љубопитни шетачи. Маршутата стартува од Градинката во Берово, со заобиколување на целиот град, преку центарот се до старата гимназија и со враќање назад.
Потоа се организира избор на најубави и најоригинални маски, во просторите на Детската Градинка.

 

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии