Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Малешево

Малешево

За потеклото на името Малешево, најголем број на патописци, историчари и други истражувачи името Малешево го поврзуваат со лично име кое што постоело и врз основа на коеа што градот го добил тоа име. Впрочем и денес на подрачјето на долниот терен иа општина Делчево и општина Каменица постои машко име Малиш.

Исто така има и презимиња Малешевски, Малешевиќ. Јеремие Павловиќ во книгата "Малешево и Малешевци" - (Београд 1928 година), исто така е наклонет да верува дека името Малешево потекнува од машко лично име, поткрепувајќи го тоа со постоење на имиња и презимиња Малешевец, Малешевиќ и др. Таквите мислења се уште немат научна поткрепа." Во недостиг на писмени извори историјата на Малешево како древен град и како подрачје може да се надополни со археолошки споменици и со топонимски материјал за што историчарите ќе го дадат својот збор. Некои истражувачи, пак, како Јордан Иванов сметаат дека "Град Малешево немало". Меѓутоа, ако се земат во предвид многубројните записи, па и археолошки остатоци (иако сеуште не доволно истражени) Малешево како град постоело. Според проф. Т.Томоски името Малешево го носи планинската област по горното течение на река Брегалница. Населби со назив Малешево се среќават во Косово, северно од Ораховац, како и во Албанија, на две места: - с.Малешева, југоисточно од Берат, и Малешево северно од Аргирокастро. Во XIV век е забележано име на местото Малеш во Нигритско. Понатаму проф.Томо Томоски пишува дека во иериодот од XI и XII век името Малешево го употребил охридскиот архиепископ Теофилакт во едно писмо до трнадичкиот епископ, каде што го спомнал и малешевскиот епископ МаХеббртр, Ј што упатува на тоа дека во XI и XII век ностоела епархија со седиште во Малешево. Во XII век имаме сведоштво во трудот "Географија" од Арабјанинот Идриси. Неговиот опис на Малешево гласи: "Од таму(мородвишка провинција) има ден и половина пат до местото Малешево". Кон крајот на XII вск во административната поделба на византиското царство имало и Малешевска-Морозвиздшка провинција.

 

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии