Насловна Актуелно Вести Поставен камен темелник за изградба на минаре во склоп на градската џамија во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Поставен камен темелник за изградба на минаре во склоп на градската џамија во Берово

 

По завршувањето на административните работи и добивањето на одобрение за градба, кое е во согласност со измените на Деталниот урбанистички план на град Берово

донесени од сегашното раководство на општина Берово и кои постојано беа игнорирани од претходните општински власти, поставен е камен темелник за изградба на ново минаре во склоп на градската џамија „Мехмет Бег“ во Берово.

 

Како еден од значајните историски објекти кои придонесуваат за развој на туризмот и одбележување на културно - историските тежнеења на Берово, на поставувањето на камен темелникот покрај верниците од изламската верска заедница од Берово присуствуваше и поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија Реис ул Улема Сулејман ефенди Реџепи, како и претставници од Турската амбасада во Македонија.

Изградбата на минарето во висина од 10 метри е планирано да заврши до крајот на март годинава, додека финансиски е овозможено од приватни донатори од Турција.

Според официјалните податоци, градската џамија „Мехмет Бег“ во Берово е градена 1863-1864 година и досега неколкупати е реконструирана.

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии