Музеј на град Берово
Насловна Култура Музеј на Град Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински..

Музеј на град Берово

Музејот на Берово е местото каде би требало да го почнете запознавањето со Берово.Сместен е во прекрасна зграда во самиот центар на градот, која е реконструирана во духот на оригиналната архитектура од крајот на 19-ти век, за која беровчани се сентиментално врзани бидејќи е еден од препознатливите елементи на градот. Исто така значајно е што во неа било отворено првото народно училиште, а бил формиран и првиот НОО за Берово.Во конципирањето на музејот ни помогнаа наши признаени национални експерти од областа на историјата и етнологијата, кои успејаа да направат спој меѓу елементите од постоечката музејска поставка во манастирскиот комплекс св.Архангел Михаил и нови елементи и експонати.  Историскатите  поставки, кои се сместени на приземјето на музејот, се состојат од документи и предмети кои што говорат за историјата на Малешевскиот народ од времето на Дедо Иљо Малешевски, Никола Петров Русински, Димитар Поп Георгиев Беровски, Разловечкото востание, развојот на Малешевијата помеѓу двете Светски војни и развојот на Малешевијата по Втората светска војна.
muzej (1)
muzej (1)
muzej1
muzej10
muzej11
muzej12
muzej13
muzej14
muzej15
muzej2
muzej3
muzej4
muzej5
muzej6
muzej7
muzej8
muzej9

 

За збогатување на изложбата се поставени и случајните наоди на антички и средновековни монети, кои што говорат за економскиот развој и трговските односи на Малешевијата, како и за постоење на Римска цивилизација на ова поднебје. Етнолошката поставка се состои од реконструкција на малешевска соба, малешевска носија, малешевски накити, грнчарско производство, музички инструменти и реконструкција на малешевска ковачилница. Музејот како самостојна институција е можност повеќе да се иницираат и превземат истражувачки работи на подрачјето на Општина Берово и да се збогати музејската колекција со нови артефакти.

Ова ќе го направи музејот поатрактивен за туристите, што ќе биде уште една алка во процесот на развојот на туризмот во Берово. Музејот на Берово е дел и од комплексниот проект за уредување на центарот на градот, што е приоритет во Стратегијата за одржлив развој на Општина Берово, како основен предуслов кој ќе придонесе за економската и социјалната ревитализација на Берово, развој на туризмот и севкупен позитивен развој на општината. Со реализација на овој проект Берово ќе добие лик како што заслужува една стара градска населба која има своја традиција.

 



 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии