Насловна Администрација Правилникот за систематизација - измени и дополнувања

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Правилникот за систематизација - измени и дополнувања

Врз основа на член 50 став 1 точка 12 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Р.М“ бр.05/02) и член 61 став 1 алинеа 9 од Статутот на Општина Берово („Службен гласник на Општина Берово бр.13/02 и 18/07) и одредбите од Уредбата за описот на звањата на државните службеници („Службен весник на Р.Македонија“ бр.106/2007 и 146/2009), Градоначалникот на Општина Берово донесе:

 

ПРАВИЛНИК

за измени и дополнувања на Правилникот за систематизација на

работни места во општинската администрација на Општина Берово

Член 1

Во правилникот за систематизација на работни места во општинската администрација на Општина Берово бр.01-1699/3 од 16.08.2010 година во член 6 точка 24 во посебни услови алинеа 1 зборот „природни науки“ се заменува со зборот „општествени науки“.

Член 2

Во член 6 точка 27 во посебни услови алинеа 1 зборот „природни науки“ се заменува со зборот „општествени науки“.

Член 3

Во член 6 по точка 48 се додава нова точка 48 - а  која гласи:

Реден број и назив на работното место: Овластен инспектор за угостителство, туризам и наплата на даноци

Звање: Советник

Одговара пред: Раководителот на одделението

Цел на работното место: Надзор над законитоста на вршење на работите од надлежност на Општината согласно законите

Главни работни должности:

-континуирано ги следи и врши надзор на законските прописи и другите општи акти од областа на локалната самоуправа и вршењето на туристичката и угостителската дејност;

-изрекува со закон пропишани мерки;

-врши увид на терен и изготвува записници за констатираните состојби и наоди;

-води управни постапки во прв степен и донесува решенија;

-поднесува жалби во второстепената постапка;

-поднесува барање за поведување на прекршочна постапка и врши наплата на казни на самото место согласно Закон;

-изготвува извештаи и информации од работењето.

Посебни услови:

-Економски науки, правни науки или факултет за угостителство и туризам со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;

-најмалку 3 години работно искуство во струката;

-работа со компјутери;

-познавање англиски јазик;

-способност за тимска работа;

-способност за решавање конфликти.

Број на извршители: 1

Член 4

Овој Правилник влегува во сила со денот на објавување на огласна табла и веб страницата на Општина Берово, а се објавува по добивањето на Согласност од Агенцијата за државни службеници.

 

Општина Берово

Градоначалник

Драги Наџински

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии