Насловна Актуелно Вести Пуштена во употреба туристичко-рекреативна патека Берово - Абланица

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Пуштена во употреба туристичко-рекреативна патека Берово - Абланица

Берово како подрачје кое постојано се стреми за развојот на алтернативниот туризам, секојдневно ја збогатува својата туристичка понуда која е клучна за туристите кои би посакале да го поминат своето време токму во овој крај од Македонија.

Во соработка со Центарот за развој на Источниот Плански Регион, Општина Берово и партнерите Општина Пехчево, Општина Делчево и Општина Зрновци, во рамките на „Патеката на железната завеса“ изградена е туристичко-рекреативна патека Берово - Абланица во должина од 3 км со почеток во Берово на 860 м надморска височина и крајна точка во туристичката населба Абланица.

Патеката се протега низ прекрасни и живописни предели со богатство од лековити билки и шумски плодови, а ги спојува и двете туристички населби Равна Река и Беровско Езеро.

По патеката има поставени и неколку летниковци со маси и клупи за седење каде може да се одмори и помине еден дел од времето за разгледување на живописната панорама.

„Патеката на железната завеса“ поврзува низа национални и прекугранични заштитени области по текот на поранешната Железна завеса - притоа минувајќи низ многу земји, вклучително и 14 членки на ЕУ.

Во рамките на истиот проект подржан од ГТЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Македонија во име на Германското Федерално Министерство за Економска Соработка и Развој, изградена е и Етно Соба во Зрновци и уредена е месноста Илин Камен во близина на селото Ѕвегор во Делчево.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии