Насловна Актуелно Вести Почнуваат средбите со граѓани, за креирање на Буџетот на општина Берово за 2021 година

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Почнуваат средбите со граѓани, за креирање на Буџетот на општина Берово за 2021 година

Започнуваат консулативните граѓански средби, во кои граѓаните, ќе можат дирекно да учествуваат во креирање на Буџетот на општина Берово за 2021 година.

 

Во рамките на буџетскиот прцес, вчера Градоначалникот на општина Берово, одржа состаноци со претставници од невладиниот сектор и со претставници од месните заедници.

На двата состаноци, беа давани предлози и идеи, од кои дел се веќе предвидени во програмите за реализација, дел ќе бидат предвидени, а дел ќе останат како препорака, во иднина да бидат предвидени.

Помеѓу предлозите имаше проекти од инфраструктура, туризам, социјална заштита, енергетска ефикасност, спорт и сите беа насочени кон подобрување на животот на граѓаните.

Како што истакна, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, учеството на граѓаните, во процесот на креирање на Буџетот, е многу важно, бидејќи ваквите средби, се можност, да се слушне гласот на граѓаните и од нив произлегуваат многу проект идеи, од кои во иднина никнуваат и реализирани проекти.

На самиот почеток на креирање на Буџетот на општина Берово за 2021 година, граѓаните имаа можност, во писмена форма да ги поднесат нивните предлог проект идеи, при што поднесени се околу 10 проекти.

Во периодот што следи ќе бидат оржани уште неколку zoom средби и на крајот, граѓаните, на партиципативен начин, со мнозинство гласови, ќе одлучат, што е она што е приоритет да биде реализирано во 2021 година.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии