Насловна Актуелно Вести Во Берово одбележан светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Во Берово одбележан светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Општина Берово, во соработка со Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Отсек за превенција СВР Штип и ОВР Берово, денеска, во знак на светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, низ кампања упати пораката до возачите: ВОЗЕТЕ Одговорно! ЧУВАЈТЕ ГО ЖИВОТОТ ЗАТОА ШТО Е САМО ЕДЕН!

Градоначалникот на Општина Берово, заедно со претставници од ОВР Берово, Отсек за превенција СВР Штип и претставник од Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, поделија флаери и ароматизери за автомобил, со апел: ,,Вози Одговорно” „Покажи грижа!“, „Разбуди ја свеста!“.

Целта на кампањата е превентивно делување и подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот – да се намалат последиците, да патуваме безбедно, возачите да бидат повнимателни и да се намали бројот на сообраќајните незгоди, во кои ќе има жртви и последици.

Благодарение на ваквите превентивни кампањи, годинава има значително намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Општина Берово, упатува АПЕЛ до сите возачи:

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО!- Како учесник во сообраќајот, дајте свој придонес, во безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии