Насловна Актуелно Вести Ад ,,Водостопанство" и ЈПКР,,Услуга" , спроведоа акција за чисење на Беровско Езеро

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Ад ,,Водостопанство" и ЈПКР,,Услуга" , спроведоа акција за чисење на Беровско Езеро

Во рамките на активностите за зачувување на животната средина , Ад Водостопанство , Подружница Берово и ЈПКР,,Услуга" , спроведоа акција за чисење на Беровско Езеро.

Исчистени се површините од асфалтот до круната и просторот околу езерото и извршено е чистење на сите заштитни зони околу  Беровско Езеро.

Од АД  ,Водостопанство" и ЈПКР,,Услуга"  најавуваат дека со вакви акции ќе продолжат и во иднина, со цел  да се зајакне свеста кај граѓаните, за заштита на животната средина.

Околу Беровското езеро, природата била толку дарежлива и истурила еден куп благодети и вистински рај за очите и затоа треба да се грижиме да си го зачуваме, она што ни го подарила природата.

Сепак, колку и некој да се труди да ја одржува околината чиста  и да инвестира на сите да ни биде убаво, одгорноста ни е заедничка и ни припаѓа на сите нас како граѓани.

Секој може да даде свој придонес за почиста и поубава околина !

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии