Насловна Актуелно Вести Средоншколците од прва година во Берово, добија по 2.000,00 денари од Градоначалникот

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Средоншколците од прва година во Берово, добија по 2.000,00 денари од Градоначалникот

По 2.000,00 денари, денеска легнаа на сметките на 81 средношколци од прва година, кои своето образование го продолжуваат во ОСУ.,,Ацо Русковски" во Берово, како поддршка за обезбедување на потребниот училишен прибор, на почетокот на учебната година.

Оваа мерка, е дел од  Програмата за социјална заштита за 2020 година, како поддршка на учениците, кои своето образование го продолжуваат во единственото средно училиште на територијата на општина Берово. Во Програмата исто така е предвидено стипендирање на талентирани ученици во учебната 2020/2021 година.

Дека подобрување на условите за младите се нашите приоритети, врз основа на кои ја темелиме општинската политика, покажавме со повеќе предвидени мерки во Програмите за 2020 година. Ќе продолжиме и во иднина да работиме во интерес на младите, со цел да ги мотивираме да постигнуваат поголеми резултати и се надевам дека оваа поддршка ќе им помогне на родителите во обезбедување на потребните средства за учење, на почетокот на учебната година. На сите ученици им посакувам среќен,успешен и пред се безбеден почеток на учебната година- истакна Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии