Насловна Актуелно Вести Втор јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата општинско корисна работа - СДЦ Компонента

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Втор јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата општинско корисна работа - СДЦ Компонента

Врз основа на Договорот,Анекс1 и Анекс 2 на Договоротза соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Берово, во насока на спроведување на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ,на ден 28.09.2020 година се објавува:

В Т О Р    Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско - корисна работа - СДЦ Компонента

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа-СДЦ“, проект  “Од акција до еднакви можности 2”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од

· 6 (шест) месеци;

заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа-СДЦ“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно за време на работниот ангажман од6 (шест) месеци.

Статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата припадници на ромската етничка заедница, лица со попреченост и лицакои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките заедници

- лица припадници на ромската етничка заедница

- лица со попреченост

-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)

- млади лица до 29 години

- лица постари од 50 години

- лица корисници на гарантирана минимална помош

- самохрани родители

- родители на деца со пречки во развојот

- родители на 3 и повеќе деца

- лица со незавршено средно или пониско образование

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:

-1 (еден) негувател за стари и изнемоштени лица,

- 2 (двајца) сорабтници за зачување на ромска традиција и  музика

-1 (еден) медицински аниматор

Заинтересираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа-СДЦ“ можат да подигнат и да ги поднесат во Агенција за вработување-Центар за вработување Берово во периодот од 28.09.2020 година до 30.09.2020 година од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Берово и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Берово кај лицето Ѓорѓи Пеовски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“,Агенција за вработување-Центар за вработување Берово кај лицето Марија Тренчовска,  ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа Берово кај лицето Маре Коловска.

Комисија за имплементација на Проектот “Општинско - корисна работа”

ОПШТИНА БЕРОВО

Градоначалник

Звонко Пекевски

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии