Насловна Актуелно Вести Општина Берово ќе субвенционира стерилизација на 30 регистрирани кучиња женки

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Општина Берово ќе субвенционира стерилизација на 30 регистрирани кучиња женки

Согласно Одлуката на Советот на општина Берово за стерилизација на 30 женки-кучиња на територијата на општина Берово во текот на 2020 година, Правилникот за критериумите и постапката за субвенционирање на трошоците за стерилизација на 30 женки-кучиња на територијата на општина Берово, Општина Берово годинава ќе субвенционира стерилизација на 30 регистрирани кучиња женки.

Со цел да се намали неконтролираното зголемување на оваа популација и да се намали бројот на улични кучиња, општината годинава, целосно ќе ги покрие трошоците за стерилизација на 30 кучиња женки.

Јавниот повик ќе биде објавен наскоро и ќе биде реализиран на принципот ,,Прв дојден, прв услужен".

Од општината апелираат, сопствениците да ги стерилизираат своите домашни миленици, за да се избегнат несакани последици.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии