Насловна Актуелно Вести Нека ни е честит и вековит ИЛИНДЕН!

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Нека ни е честит и вековит ИЛИНДЕН!

Почитувани сограѓани,

Ми претставува особена чест и задоволство, да Ви го честитам големиот празник Илинден, а  воедно и големиот христијански празник Св. Илија.

 

Илинден е симбол на македонскиот непокор, вечниот потсетник на темелите на нашата државност.

Одбележувајќи ги двата Илиндена од 1903 и од 1944, им се поклонуваме на  хероите од нашата историја, славните и храбрите илинденци, кои жртвувајќи го својот живот ни ја овозможија денешната слобода.

Нивната упорноста и херојството не обврзуваат да продолжиме со борбата за просперитетна, демократска и европска држава, која е сигурна и безбедна за нас и за идните генерации.

На сите граѓани Ви посакувам,  ИЛИНДЕН да го поминете низ здравје, среќа и радост, во вашите семејства.

Нека ни е честит и вековит  ИЛИНДЕН!

За многу години!

Градоначалник на Општина Берово

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии