Насловна Актуелно Вести Закажана 35-тата Седница на Совет на Општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Закажана 35-тата Седница на Совет на Општина Берово

 

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локална самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002),член 44 став 2 од Статутот на Општина Берово („Сл.гласник на Општина Берово“ бр.13/02, 18/07, 30/08, 20/10 и 20/19) и член 57 став 1 алинеа 1 од Деловникот за работа на Советот на Општина Берово („Службен гласник на Општина Берово“ бр.18/07), Претседателот на Советот на Општина Берово донесе:

Р Е Ш Е Н И Е

Ја свикувам 35-тата (триесет и петтата) седница на Советот на Општина Берово на ден 29.07.2020 година (среда), со почеток во 08:00 (осум) часот со следниот:

 

Д н е в е н р е д:

1. Записник од 33-тата Седница на Совет;

2. Записник од 34-тата Седница на Совет:

3. Предлог ОДЛУКА за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка;

4. Р Е Ш Е Н И Е за именување на членови во заедничката комисија за подготовка на предлог на актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Пехчево и Општина Берово;

5. Годишен План за вработување за 2021 година на Дом на култура Димитар Беровски Берово;

6. Измена на Годишен План за вработување за 2020 година на Општина Берово;

7. Измена на Годишен план за вработување за 2020 година на ОЈУСЗСЛ д-р Иван Влашки Берово;

8. Годишен план за вработување за 2021 година на ОЈУСЗСЛ д-р Иван Влашки Берово;

9. Годишен Извештај за работа на ООУ Никола Петров Русински с.Русиново, Берово за учебната 2019 – 2020 година;

10. Годишен План за вработување за 2021 година на ООУ Никола Петров Русински с.Русиново, Берово;

11. Барање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во учебната 2020 – 2021 година во ООУ Никола Петров Русински с.Русиново, Берово;

12. Годишен Извештај за работа на ОСУ Ацо Русковски Берово за учебната 2019-2020 година;

13. Годишен План за вработување за 2021 година на ОСУ Ацо Русковски Берово;

14. Барање за формирање на паралелки со помал број на ученици во прва година во учебната 2020-2021 година во ОСУ Ацо Русковски Берово;

15. Предлог Одлука за доделување на стипендија на 10 (десет) талентирани ученици во ОСУ Ацо Русковски Берово во учебната 2020 – 2021 година;

16. Предлог Правилник за начинот и посебните критериуми за доделување на месечна стипендија на 10 (десет) талентирани ученици во ОСУ Ацо Русковски Берово;

17. Предлог Одлука за реонизација на основни училишта на територијата на општина Берово;

18. Предлог Одлука за примање на донација од Благој Механџиски;

19. Предлог Одлука за примање на донација од Гео Контрол Струмица;

20. Одлука за ослободување од надоместок на трошоци за престој во детска градинка што паѓа на товар на родителите чии деца престојуваат во ОЈУДГ 23 Август Берово;

21. Годишен План за вработување за 2021 година на ООУ Дедо Иљо Малешевски Берово;

22. Барање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во учебната 2020 – 2021 година во ООУ Дедо Иљо Малешевски Берово;

23. Дополнување на Програмата (ЈД, Ј6 и ЈФ) за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во општина Берово во 2020 година;

24. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавно осветлување во Општина Берово во 2019 година;

25. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Берово во 2019 година;

26. Извештај за реализација на Програмата за одржувањe на јавно зеленило во Општина Берово во 2019 година;

27. Извештај за реализација на Програмата за одржување на јавна чистота во Општина Берово во 2019 година;

28. Советнички иницијативи и прашања;

29. Барања од институции и граѓани.

 

 

Совет на Општина Берово

Претседател

Јован Матеничарски

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии