Насловна Актуелно Вести ЈАВЕН ПОВИK за доделување на општински награди и признанија и прогласување на Почесен граѓанин на Општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

ЈАВЕН ПОВИK за доделување на општински награди и признанија и прогласување на Почесен граѓанин на Општина Берово

Врз основа на Правилникот за доделување на награди и признанија и прогласување на почесни граѓани на општина Берово бр. 09-1640/1 од 16.05.2019 година (Службен гласник на Општина Берово, бр. 19 од 17.05.2019 година ), Одделението за јавни дејности при Општина Берово, објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК БР. 01/2020

За доделување на општински награди и признанија

и

прогласување на Почесен граѓанин на Општина Берово

 

 

Наградите од јавниот повик, ќе се доделуваат на Денот на Општина Берово – 23-ти Август, односно на денот во кој ќе се одржува свечената седница на Советот на Општина Берово, по повод Денот на Општина Берово.

Услови за доделување на наградите и признанијата

Наградите и признанијата на физички или правни лица, со седиште на Република Северна Македонија или на странци како знак на општествено признание за особено афирмирање во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, туризам и угостителство, социјална заштита, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во Република Северна Македонија и во светот, ќе се доделува од страна на Градоначалникот на Општина Берово, во претходно извршена координација со комисијата за одбележување на празници и доделување на награди и признанија.

Наградата се доделува во вид на благодарница, пофалница или признание.

Наградата за почесен граѓанин ќе се додели на физичко лице, државјанин на Република Северна Македонија или странец за постигнати исклучителни заслуги и афирмација на Општина Берово во Европа и светот, во вид на плакета.

Се охрабруваат и повикуваат сите физички и правни лица, кои сметаат дека имаат посебен придонес, да се номинираат, или да номинираат друго физичко лице, кое сметаат дека има посебен придонес во општествениот живот.

КРИТЕРИУМИ, РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

По распишаниот јавен повик, може да се доставуваат предлози и номинации за секоја категорија на награди и признанија во архивата на Општина Берово. Пријавата за предлог за номинација за доделување на општинска награда и признание и доделување на наградата Почесен граѓанин на Општина Берово е достапна во хартиена форма во просториите на Општина Беровои во електронска верзија на веб страната на Општина Берово.

 

ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВА

 

Градоначалникот формира Одбор за доделување на награди и признанија, во кој по функција членуваат Градоначалникот на Општина Берово, назначените членови советници од комисијата за одбележување на празници и доделување на награди и признанија, и два административни службеници од вработените во Општина Берово кои ќе ги изготвуваат наградите, односно признанијата или решенијата.

Покрај пополнета пријава, во прилог на пријавата се пополнува и образложение зошто е номинирано лицето во дејноста, за која се предлага, за доделување на награди и признанија, со кратка биографија и постигнувања.

По доставата на потребната документација, за секој номиниран, се изготвува записник од одборот, во кој се констатира дали номинираните ги исполнуваат критериумите за доделување на награди и дали доставената документација е навреме доставена, комплетна и уредна.

Номинациите кои се со некомплетна документација, ненавремена или неуредна, нема да бидат предмет на разгледување.

Одборот, во предвидениот рок до одржување на Свечената Седница на Советот одлучува, кој од номинираните, во случај да има повеќе номинирани лица за иста категорија, ќе биде награден.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 31.07.2020 година.

Напомена: Пријавите со непотполна документација, или по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат!

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, со назнака во горниот лев агол на ковертот за „Јавен повик Бр. 01/2020, на адреса:

ОПШТИНА БЕРОВО

Одделение за јавни дејности,

ул. „Димитар Влахов“ бр. 10,

2330 Берово

или да се достават лично спакувани во коверт до архива на Општина Берово надоцна до 31.07.2020 до 15:00 часот.

Физичките и правните лица, на кои ќе им бидат доделени награди и признанија, ќе бидат повикани, свечено, истите, да им бидат врачени на Свечената Седница на Совет на Општина Берово, на 23 Август 2020 година.

Прашања за појаснување може да се поставуваат по електронски пат до Одделението за јавни дејности, на адреса [email protected] и секој ден од 7:30 до 15:30 во просториите на Општина Берово.

Општина Берово

Одделение за јавни дејности

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии