Насловна Актуелно Вести Привршуваат градежните активности за изградба на водоводна линија на ул. Прохор Пчињски во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Привршуваат градежните активности за изградба на водоводна линија на ул. Прохор Пчињски во Берово

 

При крај е изградбата на водоводна линија на улицата „Прохор Пчињски“ во ромската населба, како тековна активност во рамки на РОМАКТЕД Програмата за мали грантови, финасирана од Европска Унија и Советот на Европа.

 

Проектните активности за РОМАКТЕД започнаа во март 2018 година, со потпишување на Меморандум за Разбирање, како трипартитен договор помеѓу Советот на Европа, Министерството за труд и социјална политика и Градоначалникот на Општина Берово.

Во текот на првите шест месеци од 2018 година, се формирани Акциска група на заедницата (АГЗ), Институционална работна група (ИРГ) и Општинска работна група (ОРГ). Работата на сите три групи, беше поддржана од страна на Фасилитаторот на проектот.

Градоначалникот на Берово, учествува во работата на ИРГ и ОРГ, што е позитивна практика и добар пример во донесувањето одлуки и превземањето конкретни чекори, за надминување на специфичните проблеми, со кои се соочува ромската заедница во Берово.

Општинската работан група (ОРГ) е формирана од членовите на АГЗ и претставници на локалните власти.

Заедничкиот акционен план (ЗАП) беше подготвен и договорен од членовите на АГЗ и ИРГ, во чии рамки беше дефинаран и проектот „Изградба на водоводна линија на улицата „Прохор Пчински“, приоритет идентификуван од АГЗ, преку средбите со фасилитаторот на проектот.

Проект беше аплициран и одобрен, за што е склучен и договор со Своетот на Европа за финасирање, во вкупен износ 8.458,75 евра, а остатокот се од Буџетот на Општина Берово која учествува со кофинасирање од 437.550,00 денари.

Жителите од овој дел на Берово, се очекува да ги користат бенифитите од новиот водовод, на почетокот на наредниот месец.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии