Насловна Актуелно Вести Потпишан договорот за финансиска поддршка за набавка на современи тезги за беровскиот пазар

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Потпишан договорот за финансиска поддршка за набавка на современи тезги за беровскиот пазар

Градскиот пазар во Берово, наскоро ќе добие нови тезги, инвестиција вредна околу 3.600.000,00 денари, од кои 50% се обезбедени од Агенција за финансиска поддршка и рурален развој и 50% од Буџетот на општина Берово.

 

Вчера, Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, го потпиша договорот за финансирање со АФПЗРР.

Проектот е продолжување на активностите за изградба на покриен зелен пазар, во кој со втората фаза, ќе бидат набавени современи, модерни тезги за продажба на производи на беровскиот пазар.

Инвестицијата е дел од мерката Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи, подмерка Инвестиции во пазарната инфраструктура за постбербени активности.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии