Насловна Актуелно Вести Ќе се реконструира водоводната линија на ул.,,Даме Груев" во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Ќе се реконструира водоводната линија на ул.,,Даме Груев" во Берово

Подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните на општина Берово, е секојдневна работа на општина Берово. Со средства од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се врши реконструкција на водоводната линија на улица ,,Даме Груев во Берово.

 

Врз основа на Програмата за управување на водите за 2020 година, од Програмата за ,,Изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни објекти, општина Берово достави барање за финансирање на проект,, Реконструкција на водоводна линија на ул. Даме Груев во Берово, кое со одлука од Министерството, беше одобрено за финансирање.

Со проектот се предвидува реконструкција на стара водоводна линија од азбест цментни цевки, на потегот од крстосницата со ул.,,Маршал Тито до крстосницата со ул.,,Партизанска”.

Постоечката водоводна линија е изведена во педесетите години од минатиот век. Цевките се дотраени и се причина за чести дедекти и прекини во водоснабдувањето.

Со реконструкцијата на водоводната линија, во должина од 328,67м, ќе се реши проблемот со појава на дефекти и прекините на водоснабдувањето, ќе се подобри комуналната инфраструктура во градот, а жителите од овој дел од градот ќе добијат квалитетна вода за пиење.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии