Насловна Актуелно Вести Општинскиот кризен штаб во Берово, со нови мерки и препораки пред велигденските празници

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Општинскиот кризен штаб во Берово, со нови мерки и препораки пред велигденските празници

Во согласност со препораките на Главниот Кординативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во веска со спречување и ширење на Коронавирус COVID-19 и заклучоците на Владата кои произлегуваат од него, кризниот штаб на општина Берово за борбата со коронавирусот ги донесе следниве заклучоци:

 

-Од четврток 16 април во 16:00 часот, до 05:00 часот во вторник 21 април  да се забрани движење и групирање, односно да се затворат сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и викенд населбите за време на периодот на забраната и посебен режим на движење за претстојниот празник, а Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите на овие места.

Во таа насока потребно е да се потенцира дека сите оние лица кои поседуваат викендици во викенд населбите, доколку ги користат за претстојниот викенд,  дека во согласност со другите мерки, забрането е групирање на граѓани во самите објекти и забрането е секакво движење надвор од нив, во склад со останатите мерки за движење кои важат за време на полицискиот час.

Согласно оваа забрана и посебен режим на движење, Владата исто така, го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник.

-За лицата над 67-годишна возраст, останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други граѓани има целосна забрана.

-За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други лица има целосна забрана.

-Ќе се интензивираат контролите и патролите низ туристичките населби за да се избегнат масовни здружувања, и движења надвор од истите во рамки на полицискиот час, кој на овие места ќе започне во 16 часот во четврток 16.04.2020 год. и ќе трае до 05 часот, вторник 21.04.2020 год;

-Апел да се воздржиме од масовни групирања, собири и прослави за време на престојниот празник, да се придржуваме до мерките и препораките од Владата да го зачуваме нашето и здравјето на луѓето кои не опкружуваат;

-Во петок 17.04. 2020 год. им завршува карантинскиот престој на лицата во државен карантин,во 16 часот ќе биде организирано таканаречено „штафетно испраќање“ со придружба на полициски службеници ќе се испратат моторните возила со кои ќе се транспортираат лицата на кои им завршува карантинскиот престој, истите ќе добијат посебни дозволи за тоа и ќе се движат по точно определени улици;

-Дозволи за земјоделски активности за време на викендот за нерегистрирани земјоделци ќе се издаваат само за сабота (18.04.2020 год.) и тоа во период од 10 до 14 часот;

-Да ја подигнеме свеста, прво за сопственото, па потоа и за  јавното здравје, заштитувајки се себеси, ги заштитуваме луѓето околу нас, следете ги препораките, останете безбедни,  останете дома,  е пораката од општинскиот кризен штаб во Берово.


ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии